Економска соработка на Ресен, Корча и Пустец
Меморандум за економска соработка на пограничните општини Ресен, Корча и Пустец ќе потпишат денеска градоначалниците Ѓоко Стрезовски, Сотираќ Фило и Едмонд Темелко.
Со меморандумот ќе се регулира воспоставување поблиска економска соработка на трите општини и бизнис секторот во прекуграничниот регион што треба да придонесе за забрзан економски развој на локалните заедници.
На потпишувањето на меморандумот во Ресен ќе присуствуваат и амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија Стојан Карајанов и префектот на областа Корча Ардит Кономи, како и бизнис делегации од македонска и албанска страна, кои наскоро треба да формираат мешовити економски комисии за регулирање и спроведување на економската соработка на пограничните општини Ресен, Корча и Пустец.
По потпишувањето, предвидено е бизнис делегацијата од Албанија да ги посети фабриката „Свислион Агроплод Ресен“ и откупно дистрибутивниот центар на „Епл Ленд“.
Ново на Сител
-
Променливо облачно со сончеви периоди, во среда повремени врнежи од дожд
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО