„Економист“: Мелбурн најдобар град за живеење во светот
Шеста година по ред, австралискиот магаполис Мелбурн е прогласен за најдобар град за живеење во светот, според изборот на аналитичкиот оддел на „Економист“.
Според квалиетот на живот, на второто место е австрискиот главен град Виена, а потоа следуваат Ванкувер (Канада), Торонто (Канада), Калгари (Канада), Аделаид (Австралија), Перт (Австралија), Оукленд (Нов Зеланд), Хелсинки (Финска) и Хамбург (Германија).
На листата на „Економист“ се најдоа 140 градови од целиот свет, кои се рангирани по 30 критериуми, меѓу кои и нивото на безбедност и квалитетот на здравствената заштита, образованието, инфраструктурата, културата и животната средина.
Според аналитичарите на „Економист“ најдобри за живеење се градовите со средна големина во богатите земји, со релативо мала густина на населението.
На дното на листата се најдоа Дамаск (Сирија), Триполи (Либија) и Лагос (Нигерија). Единствен европски град меѓу последните десет на листата е украинската престолнина Киев.
Ново на Сител
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина