Економијата на САД лани порасна за 5,7 отсто, највисоко ниво од 1984 година
Во 2021 година, американската економија забележа најголем раст на бруто домашниот производ (БДП) во изминатите речиси 40 години, брзо закрепнувајќи од кратката, но разорна рецесија предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
БДП на САД минатата година порасна за 5,7 отсто, што е најголем пораст од 1984 година, кога вкупното производство на стоки и услуги порасна за 7,2 отсто. Американската економија во последниот квартал од 2021 година оствари неочекувано брз раст од 6,9 отсто, соопшти Министерството за трговија. Економијата на САД се очекува да забави оваа година, поради зголемената инфлација и континуираното ширење на коронавирусот.
Многу економисти ги намалија своите прогнози за првиот квартал од 2022 година поради брзото ширење на сојот Омикрон. Меѓународниот монетарен фонд објави дека БДП на САД ќе порасне за четири проценти во 2022 година.
Ново на Сител
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
Приведена 65-годишна штипјанка, го принудувала внукот да питачи во Дебар
-
Физички нападнат 30-годишен велосипедист во подрачјето на Карпош
-
46-годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син се оддалечил од домот
-
Германија мора да регрутира до 60.000 нови војници за да ги исполни целите на НАТО
-
Приведен 40-годишник, се заканувал на сограѓанин
-
На лекување во странство и во домашните болници има 12 пациенти од пожарот во Кочани, еден е во тешка состојба, вели Клековски
-
До недела топло, утре и задутре развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи