Економиите на земјите од Западен Балкан имаат европска перспектива
За земјите од Западен Балкан постои европска перспектива и нивните економии не се за занемарување. Тие треба да продолжат да ја интензивираат соработката особено во делот на инфраструктурата, поврзувањето на енергетските системи и во делот на олеснувањето на царинските постапки.
Ова е порака што македонските стопанственици и нивните колеги од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово ја добиле на Третиот самит за Западен Балкан што во понеделникот се одржа во Париз.
- Сегментите за кои беше потенцирана заинтересираност за инвестирање се заемното поврзување на енергетските системи на државите, интензивирање на градбата на коридорите кои овозможуваат лесен транспорт на стоки и решавање на царинските бариери, истакна денеска на прес-конференција Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија.
Тој посочи дека од македонска страна била покрената и иницијатива во септември во Скопје да се одржи состанок за дефинирање на стандардите за електронски комуникации меѓу царинските управи во Македонија со цел да се олесни транспортот на стоки преку граничните премини.
- Оценивме дека е потребно комуникацијата меѓу царинските управи да се подигне на повисоко ниво. Со воведувањето на електронските системи за водење на евденцијата да се автоматизира размената на податоци и да се забрза протокот на стока и патници на сите гранични премини, рече Пешев.
Како резултат на досегашната соработка во рамки на коморскиот инвестициски форум, во кој покрај земјите од западен Балкан членуваат и Хрватска и Словенија, зголемена е надворешно-трговската размена на Македонија со овие земји за 6,6 проценти во првите четири месеци од годинава, а со земјите од Европската унија за околу 2,9 проценти.
Ново на Сител
-
ОЈО: Претреси на 5 локации за пожарот во Кочани
-
Со фантомки и пластични пиштоли одзеле 650 илјади денари од „Нептун“- обвинение за две лица
-
Николоски: Направени контроли на над 3 100 лиценци, во постапка на одземање се 479 поради неправилно работење
-
Мицковски: Жалам што мораше ова да се случи за сите да се освестат дека работите повеќе од три децении биле погрешни
-
Шест мигранти држени во заложништво во Студеничани
-
ИВАП: Да им помогнеме на нашите колеги и семејства на настрадани во пожарот во Кочани
-
До крајот на март ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
Екипи континуирано ќе бидат во Кочани за интервенции од типот на пластична хирургија, изјави Таравари