Еколошка акција во Општина Кисела Вода
По повод Меѓународниот ден на волонтерите – 5 декември, Општина Кисела Вода денеска во соработка со Волонтерскиот центар Скопје и Американ Корнер спроведе еколошка акција, насловена „Волонтирај за земјата“.
Како што информираат од Општината, во активностите за чистење се приклучија и волонтери од движењето „Не биди ѓубре“ и ученици од Средното економско – правно училиште, „Васил Антевски – Дрен“.
Сезонските работници на Општината заедно со волонтерите расчистуваа отпадоци на повеќе локации во урбаната заедница „Цветан Димов“. Додека учениците од средното економско училиште го исчистија училишниот двор.
Општина Кисела Вода, се наведува во соопштението, и во иднина ќе продолжи да ги поддржува сите иницијативи кои имаат за цел зачувување на животната средина.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости