„Еко-живот” од Кавадарци со неколку проекти за заштита на животната средина
Да се испита загаденоста на почвата, да се влијае врз намалувањето на штетните ПМ 10 честички, отстранување на старите електрични апарати и истрошени батерии, помош при електроенергетска ефикасност за кавадарчани, се активностите предвидени со проектите на кои работат екологистите од Регионалниот еколошки центар „Еко-живот” од Кавадарци, а за кои синоќа информираше претседателот Роберто Паризов.
- Правиме напори конечно да се провери загаденоста на кавадаречката почва заедно со велешката, скопската и тетовската. Тоа е еден мошне значаен проект во кој како еколошко друштво, сме партнер на екологистите од „Вила Зора” од Велес. Со нив соработуваме и во активностите за подобрување на електроенергетската ефикасност во домовите на кавадарчани, а неколку семејства ќе добијат поддршка за инсталирање на сончеви колектори. Во акцијата пак за ослободување од старите електронски апарати и истрошените батерии, имаме поддршка од „Нула отпад”, појасни Паризов.
Тој потсети дека друштвото како член на Движењето на екологисти на Македонија, во досегашното работење има реализирано многубројни обуки и акции за зголемување на еколошката свест.
- Со новата локална самоуправа веќе разговаравме за Локалниот еколошки акционен план кој не е донесен дваесетина години, како и за Стратегија за заштита на животната средина, соопшти Паризов.
На прес-конференција, беа презентирани и еколошките активности на друштвото, кои подразбираат учество на млади екологисти во еколошки проекти во неколку други земји. Паризов најави дека работат и на Стратегија за намалување на аерозагаденоста во Кавадарци, со краткорочни и долгорочни мерки. Таа се изработува од стручен тим и ќе биде предадена во општината.
Ново на Сител
-
Вучиќ се приклучи на Движењето за народот и државата и ги повика и граѓаните да го сторат тоа
-
Приведен малолетник кој уценувал маж во Битола
-
АХВ со стручни обуки за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и миленици
-
Рубио: Се надевам на скоро дипломатско решение за завршување на војната во Украина
-
Хајди Клум, со својот фустан, ги прекрши правилата на Филмскиот фестивал во Кан
-
Појавата на проширени вени можно поврзана со развој на деменција
-
Реткиот „Медитеранско син“ дијамант од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра
-
Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер утре во Скопје