Еко квиз во Кавадарци
Еко квиз во организација на еколошкото друштво „Тисовец” во соработка со „Фени индустри” се спроведе денеска во Кавадарци.
Квизот се организира трета година по ред и во него учествуваат ученици од петтите одделенија.
Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов рече дека ако сакаме да имаме почиста животна средина, мора да се гаи едукацијата и да се има високо развиена еколошка свест уште од најмала возраст.
- Децата првин да се натпреваруваат преку знаењата од областа на екологијата, а подоцна тие знаења да ги применуваат во животот. Најдобра инвестиција е секако инвестицијата во образованието. Затоа денес правиме една многу хумана работа, која своите резултати ќе ги има долгорочно, рече Панов.
Зорица Вчкова како претставник од Локална самоуправа, пред присутните во салата на Домот на културата „Иван Мазов Климе” соопшти дека е ова единствен ваков квиз во државата.
- Активностите, методолошкиот пристап и знаењата кои се усвојуваат од учениците, се темелот на програмата на Министерството за образование и наука за едукација за екологија во македонскиот образовен систем, а исто така се постигнуваат целите и се реализираат заложбите граѓаните и Владата на Република Македонија за почиста и побезбедна животна средина, нагласи таа.
Ана Андова, член на тимот за општествена одговорност од „Фени индустри”, во своето обраќање рече дека намерата со овој квиз била да се вложуваат континуирани напори за учество на повеќе општествени субјекти во градењето на концепт за соодветно еколошко и општествено одговорно однесување од најрана возраст.
Претседателот на „Тисовец” Сашко Данов, рече дека вовеле еден подруг вид на едукација преку натпреварување и нагласи дека низ овој квиз досега минале околу 1.100 деца, а преку нив се едуцирале и нивните блиски.
Ново на Сител
-
Истрага за Онкологија – кој се ќе одговара за поигрување со човечки животи?
-
ЦГК: Општините и министерствата заедно трошат над 2 милиони евра годишно за адвокати
-
СДСМ бара да се повлечат измените
-
Андоновски: Државата нема да забрани Тик-Ток, ќе работиме на едукација на родителите
-
Телеком го поддржа театарскиот проект Замисли нов свет
-
Преглед на вестите од светот
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците