-->
-->
ЕК тврди дека не е затворена македонско-грчката граница
-->

Европската комисија денеска негираше дека има целосна блокада за премин на лица на македонско-грчката граница, откако Австрија ги затвори премините за бегалци од Арапскиот свет и Африка, јави дописникот на МИА од Брисел.
Портпаролката на Еврокомисијата задолжена за миграциски прашања, Наташа Берто, посочи дека на Самитот на Европскиот совет минатата недела лидерите на 28-те земји-членки на ЕУ се обврзале да превземат европски одговор на бегалска криза.
Во однос на другите гранични мерки што се превземаат, спроед Берто, важно е за Брисел да има продолжен дијалог меѓу различните ЕУ-земји и државите долж западно-балканската рута преку координацискиот механизам што бил активен викендов.
- Земјите се информираа меѓу себе што се случува. А, сигурно е дека ниту една граница не е затворена и движењето се одвива, а Еврокомисијата ќе продолжи да ја олеснува координација меѓу различните земји, посочи Наташа Берто.
На прашањето дали е координирано блокирањето на протокот на Авганистанци, што започна од Австрија, а продолжува со Хрватска, Србија и Македонија, гласноговорничката на ЕК одби да даде директен одговор, но истакна дека постои релокациска шема за Грција и програм со Турција што треба координирано да го менаџира напливот на бегалци на западно-балканската рута. Таа беше децидна дека Брисел инсистира земјите „да се информираат за тоа какви мерки преземаат пред да ги преземат“.
На конкретното прашање дали во моментов е затворена границата меѓу Република Македонија и Грција, Берто одговори негативно, но додаде дека тоа е одговор „од луѓето што ги менаџираат границите“.
- Како што знаеме од нашите контакти, се уште има движење долж границата и нема целосно затворање на границата во моментов. Координациската рамка на земјите долж западно-балканската рута беше активна викендов и различни информации се делеа меѓу страните. Границата не е затворена, поминувањето е можно на различни граници. А, за тоа што е легално во однос на тоа кои лица се пропуштаат е видливо и улогата е јасна за тоа кој може да се прифати и третира според Женевската конвенција, бидејќи ЕУ-правото не се применува за ова на трети земји, образложи Берто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
