ЕК предлага 501 милион евра наменети за Западниот Балкан
Согласно усвоената ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) за периодот 2021-2027 година, Европската комисија предложи измени на Буџетот на ЕУ за 2024 година, со кои за Планот за раст за Западниот Балкан се предвидуваат 501 милион евра.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, изменетиот Буџет, кој е зголемен за над 5,8 милијарди евра, треба да и овозможи на ЕУ да продолжи со реализација на своите заеднички приоритети за оваа година во полза на граѓаните, кои живеат во Унијата, но и надвор од неа.
– Конкретно, тоа ќе ја зајакне нашата поддршка за Украина, ќе ги зголеми инвестициите во критичните технологии и одбраната и ќе обезбеди дополнителни ресурси за поддршка на партнерите од Западниот Балкан, соопшти Европската комисија, додавајќи дека со измените, исто така, во Буџетот на ЕУ се одвојуваат и средства наменети за помош на земјите членки во случај на природни непогоди или хуманитарни кризи.
Со измените на Буџетот на ЕУ за 2024 година, покрај 501-те милион евра за реформи и раст на Западниот Балкан, 4,8 милијарди евра се наменети за зајакнување на Украинскиот механизам, наменет за поддршка на Украина, 376 милиони евра се одредени за Платформата за стратешки технологии за Европа (СТЕП) како дел од Европскиот одбранбен фонд и 365 милиони евра за Европските резерви за солидарност и итна помош.
Предлогот за измена на Буџетот за 2024 година сега ќе биде доставен на усвојување до Европскиот парламент и до Советот на ЕУ.
Ново на Сител
-
МКС очекува апсење на Путин на пат кон Унгарија
-
71-годишна жена измамена со лажна сообраќајна несреќа за сума од 36.300 евра
-
Путин го свика рускиот Совет за безбедност за да го информира за разговорот со Трамп
-
Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето
-
Жена во Карош со автомобил удрила во автомобилот на партнерот, па му ги дупнала гумите и физички го нападнала
-
Непознато лице од автомобил пукало кон дом во Ѓорче Петров, пронајдени две зрна и оштетување во домот
-
Закани и физички напад меѓу активисти на две партии додека делеле изборен материјал во Куманово
-
Во рок од два дена приведени 8 лица од Скопје откако кај нив е пронајдена дрога