ЕК потврди дека Хан доаѓа во Македонија, најверојатно на 14 или 15 јануари
Европската комисија денеска потврди дека еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан, ќе оствари посета на Република Македонија со цел да направи увид во напредокот од имплементирањето на точките од договорот во Пржино, како и на итните реформски приоритети што ги препорача Еврокомисијата.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, портпаролката на неформалната влада на Европската унија, Кетрин Реј, одговори потвдно на директно прашање дали Хан, според писмото кое го упати до четирите најголеми политички партии во Македонија пред Нова година, наскоро ќе дојде во посета на земјата.
- Потврдувам дека комесарот Хан ќе го посети Скопје во јануари, но немам датум. Причината е да направи проценка на ситуацијата, истакна Реј.
Според информациите од кабинетот на Хан, еврокомесарот за преговори за проширување ќе ја посети Македонија на 14 или најдоцна на 15 јануари, што се поклопува со датумите кога во земјата треба да се случи оставка на премиерот Никола Груевски и избор на техничка Влада со нов мандатар со единствена задача организирање на предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 24 април.
Според ова, посетата на Јоханес Хан на Македонија нема да се поклопи со посетата на тројцата европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит, закажана за 11 јануари. Оваа тројка од Европарламентот ќе има задача да ги убеди партиите да се забрза усвојувањето на преостанатите обврски од договорот од Пржино и од итните реформски приоритети што ги препорача Европската комисија. Комесарот Хан, пак, на 14-ти или 15-ти јануари ќе има за задача да го потврди договореното, да го поздрави изборот на техничката Влада и да го цементира 24 април, како датум договорен и со договорот од Пржино кога ќе се одржат предвремените парламентарни избори во Република Македонија.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата