ЕК: Нема „драматично подобрување“ во аерозагадувањето во Македонија и регионот
Европската комисија денеска го презентираше својот редовен извештај за состојбата со аерозагадувањето во Европа, кој ги вклучува и шесте земји до западниот Балкан, во кој се оценува дека состојбата се уште е незадоволителнa.
Здравјето на жителите на Македонија и останатите земји од регионот и натаму е сериозно загрозено, покажуваат последните бројки на извештајот на Европската агенција за животна средина за 2018 година, што резултира во висока стапка на прерана смрт, пред сѐ поради високата концентрација на ПМ2,5 честички во воздухот, се наведѕува во извештајот.
Ако највисоката стапка во апсолутни бројки е во Германија, Италија, Полска и Франција поради обемното население, во релативни бројки, ефектот е најнегативен на Балканот.
– Кога се гледаат изгубените животни години во релативна смисла, најсилен импакт има во централна и источна Европа каде се измерени највисоките концентрации на ПМ2,5 честички, односно Косово, Србија, Албанија, Бугарија и Македонија, се нагласува извештајот.
Европскиот комесар за животна средина Вириниус Синкевичиус порача дека Европската комисија им стои на располагање на земјите од регионот за помош, посебно преку Зелениот договор за западниот Балкан.
– Главната причина е греењето на домаќинствата, повторно не гледаме драматично подобрување кое е потребно за здравјето на граѓаните. Комисијата е подготвена да соработува со регионот, подготвивме Зелен договор за регионот и оптимисти сме дека можеме да постигнеме опипливи и видливи резултати, изјави Синкевичиус за МИА.
Извршниот директор на Европската агенција за животна средина, Ханс Брејнинкс, подетално се осврна на коренот на проблемот за регионот.
– Работиме со шесте земји од Западниот Балкан под претпристапниот инструмент за зајакнување на мониторингот, за да имаме правилни податоци и со тоа да помогнеме за креирање политики таму, рече Брејнинкс.
Според него, еден од главните проблеми е употребата на цврсти горива. – Пред сѐ употребата на цврсти горива, употребата на јаглен во индустријата, енергетскиот сектор и горењето на дрво во домаќинствата, вели Брејниникс, но и фактот што во регионот возилата што се користат се стари и повеќе загадуваат.
– Општата проценка е дека регионот сѐ уште треба да го постигне нивото на технолошки развој и подобрувања, заклучи директорот на Агенцијата за животна средина.
Ново на Сител
-
На Табановце зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата
-
Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
-
Дисциплинска комисија на ФФМ: Одземени 9 бода на ФК Гостивар и десет натпревари забрана за настап на свој терен
-
САД се повлекуваат од посредништвото во мировните преговори меѓу Украина и Русија
-
Приведен 32-годишен криминалец од Скопје баран со потерница за затворска казна од две години
-
Кривична против полициски службеници од сообраќајна патрола во Скопје за „попречување на правдата“
-
Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари
-
Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на проекти од вториот владин повик