ЕК ја објави новата методлогија за преговори
Европската комисија денеска ја објави новата методологија за пристапни преговори за членство во ЕУ, со која треба да се унапреди процесот, со што тој би станал поверодостоен, со посилно политичко управување, подинамичен и предвидлив.
Еврокомесарот за проширување Оливер Верхеи, презентирајќи ја новата методологија, истакна дека проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан останува врвен приоритет на Комисијата и затоа денеска предлагаат конкретни чекори како да се подобри процесот на пристапување.
– Додека ние го зајакнуваме и го подобруваме процесот, целта останува пристапување и полноправно членство во ЕУ. Паралелно, Комисијата цврсто стои на своите препораки за отворање на пристапните преговори со Македонија и Албанија и наскоро ќе даде дополнително образложение за напредокот постигнат од овие две земји. Во рамките на подготовките на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб во мај, Комисијата ќе излезе со план за економски и развој на инвестициите за регионот, кажа Верхеи.
Новата методлогија предвидува групирање (кластери) на преговарачките поглавја и тематските области, можност за надградување на реформите со поголемо финансирање и наградување на иднивидуалните постигнувања на кандидатите, но и санкционирање во случаи кога нема напредок со ставање во мирување на преговорите во одредени области, па дури и нивна целосна сузпензија.
Фокус се става на основните критериуми – владеење на правото и демократски институции. ЕУ од своја страна треба да ја потврди и испорача својата непоколеблива посветеност на процесот што ќе се базира на постигнувањата, а политичката природа на процесот треба да биде ставена напред и во центар со механизми како што се редовните самити ЕУ-Западен Балкан и меѓувладини конференции со земјите кандидадти.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Трамп целосно ја поддржува офанзивата на Израел во Газа
-
Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози освен на осојничавите места
-
Зеленски: Путин се преправа дека сака мир, со поставување непотребни барања само ја продолжува војната
-
Мајнл-Рајзингер - Муцунски: Австрија стои до Северна Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ
-
Почувствуван земјотрес со епицентар во Струмица
-
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје
-
МЗ: Ги следиме потребите на населението во Кочани, на терен зајакнати медицински тимови
-
Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице