ЕК изврши контрола во Бе-Ем-Ве поради сомнеж за монополски договор
- Европската комисија информираше дека во понеделникот спровела ненајавена инспекција во седиштето на германскиот автомобилски гигант Бе-Ем-Ве во Минхен.
Според Еврокомисијата, целта на инспекцијата била да се испита дали Бе-Ем-Ве ги прекршил законите на ЕУ, кои спречуваат формирање на монополски или картел услови на пазарот и диригирање на цената на одредени производи.
- Инспекциите се прв чекор во истрагата за сомнителни монополски постапки. Фактот што Комисијата ја изврши оваа инспекција не значи дека компанијата е виновна за недозволено однесување на пазарот и не го прејудицира исходот на самата истрага, пишува во денешното соопштение на ЕК, во кое не е објавено името на германската автомобилска компанија која е предмет на истрага.
Бе-Ем-Ве меѓутоа самата потврди дека нејзините канцеларии биле цел на истрагата.
Германскиот неделник „Шпигел“ неодамна информираше дека Бе-Ем-Ве, „Ауди“, „Фолксваген“, „Порше“ и „Дајмлер“ имале таен договор постигнат уште во 90-те години на минатиот век, преку кој го регулирале развојот на нови возила, логистиката на производството, како и справувањето со новопоставените еколошки стандарди.
Една од овие компании, „Фолксваген“, неодамна беше казнета со 15 милијарди евра за манипулирање со софтверот за мерење на издувните штетни гасови, додека „Дајмлер“ минатата година мораше да плати и милијарда евра на ЕУ за недозволено договарање на цените на камионите со конкурентски фирми.
Ново на Сител
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза