ЕК: Грција, Италија и Хрватска неефикасни во дигиталното снимање на отпечатоци на мигрантите
Европската комисија ги прекори Грција, Италија и Хрватска дека не се доволно ефикасни во собирањето дигитални отпечатоци од кандидатите за азил и нелегалните мигранти, кои пристигнуваат на нивна територија, пренесоа француските медиуми.
Европската комисија на трите земји им испратила „писма со покана за доброволно исполнување“, кои претставуваат прва фаза од процедурата за санкционирање на прекршителите, што можат да завршат со тужење пред Судот на ЕУ.
Европската комисија смета дека трите земји не ги применуваат правилно обврските да снимаат отпечатоци од кандидатите за азил и од нелегалните мигранти и во рок од 72 часа да ги предадаваат во Европскиот систем за автоматизирана идентификација на отпечатоците од прсти (Евродак).
Европската комисија административните писма на овие три држави им ги испратила уште во октомври. Два месеца подоцна проблемите не беа ефикасно решени, се посочува во соопштение на ЕК.
По поканата за доброволно исполнување овие три земји имаат рок од два месеца да одговорат на барањата.
Според правилата на ЕУ, земјите во кои кандидатите за азил прво пристигнале имаат обврска да ги регистрираат мигрантите и да ги обработат нивните барања.
За да им олесни на Грција и Италија, земјите кои најмногу се на ударот на вонредниот мигрантски прилив, ЕУ создаде систем за „релокализација“, што предвидува распределување на кандидатите за азил во рамки на ЕУ. Во замена за ова, ЕУ од Грција и Италија бара точна регистрација на кандидатите за азил.
Ново на Сител
-
Капитенот на ПСЖ: Знам колку боли пораз во финалето на ЛШ
-
ПСЖ со двојна победа над Арсенал обезбеди финале во Лигата на шампиони
-
Зеленски: Украинскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот сè уште важи, нема реакција од Москва
-
Почнува Саемот на книга
-
Еден ученик убиен, двајца ранети во напад со нож пред средно училиште во Калифорнија
-
Измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците на седница на Комисијата за политички систем
-
Втор ден од конклавата за избор на нов папа
-
Муцунски на средба со шефовите на дипломатиите на членките и кандидатите за членство во ЕУ во Варшава