ЕК бара Фронтекс да и помогне на Македонија
Европската унија ќе побара Европската гранична агенција - Фронтекс, да отвори канцеларија во Македонија, за да може да и помогне на земјата да ја контролира границата со Грција, пишува германскиот весник „Билд ам Зонтаг“.
Тоа е одговор на Европската унија на иницијативата на словенечкиот премиер Миро Церар за зајакнување на поддршката за Македонија за контрола на границата со Грција, за која денеска на неформален состанок во Амстердам ќе разговараат министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки на Унијата.
Во моментов Фронтекс има право да делува само на територијата на Европската унија. ЕК планира на најбрз начин да создаде правна основа за работата на Фронтекс во Македонија.
Европската комисија веќе и додели на Македонија 2,6 милиони евра во форма на хуманитарна помош, а се очекува да добие и дополнителни финансиски средства и помош во опрема и персонал. Македонија е дел од т.н. западнобалканска рута по која мигрантите се упатуваат на патот кон ЕУ.
Се оценува дека земјата најмногу настрада од делувањето на соседна Грција чии власти организирано испратија во Македонија, а оттаму и во Европската унија стотици илјади мигранти. Грција која граничи со Македонија многупати беше обвинувана дека не ја заштитува својата надворешна граница која исто така е надворешна граница на Европската унија.
Ново на Сител
-
ЕУ сè уште не одлучила дали постепено ќе го воведе новиот систем за контрола на надворешните граници
-
Новогодишна наградна игра: Веро доделува половина милион денари за најсреќниот потрошувач
-
Нормализиран сообраќајот на железничката линија Скопје-Велес откако локомотива од товарен воз се излизга од шините
-
Николовски од Будимпешта: Со силна поддршка од ЕУ, ја подобруваме поврзаноста со регионот и Унијата
-
Надал пред Дејвис купот: Не сум тука за да се пензионирам, туку да му помогнам на тимот
-
АХВ: На влезот на Дебар спречен обид за пренос на 17 телиња
-
Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на Хајрулахи
-
Предлог притвор за малолетник кој со нож во глава убодел 15-годишник