-->
-->
Ефес прв финалист во кошаркарската Евролига
-->
Бранителот на титулата во кошаркарската Евролига, Анадолу Ефес, обезбеди пласман во финалето на завршниот турнир во Белград, откако вечерва во драматичен натпревар триумфираше над Олимпијакос со 77-74.
Турскиот тим обезбеди второ последователно финале со тројка на српскиот кошаркар Василије Мициќ во последната секунда од првото полуфинале во белградската Арена.
Шејн Ларкин беше најефикасен во редовите на Анадолу Ефес со 21 поени, додека Мициќ го заврши натпреварот со 15 поени.
Второто полуфинале вечерва ќе донесе шпанска пресметка меѓу големите ривали Барселона и Реал Мадрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден