Едвај ги задржа солзите: Тања Савиќ првпат проговори за загубата на бебето
Пејачката Тања Савиќ помина низ тешки мигови откако го загуби бебето кое долго го посакуваше. Дојде од далечната Австралија и ја отвори душата.
Тања веќе долги години сонува да добие трето дете, па многу се израдувала кога дознала дека е бремена. Сепак среќата не и траеше долго, пејачката имала спонтан абортус.
-Нема сега да правам голема помпа околу тоа. Жив човек сум, жив човек сешто преживува. Мислам дека најбитна работа е да останеме нормални и прибрани во секој момент, било да е позитивен или негативен. Јас секогаш се трудам да бидам позитивна, изјави Тања.
Откако со членовите на семејството пристигна во Белград, веднаш им се врати на работните обврски.
-Беше навистина прекрасно и баш се одморив. Штом дојдов во Белград, тоа е хаод - работа, куќа..“ рече Тања и додаде дека е горда мајка на своите синови Максим и Ѓорѓе, кои перфектно говорат англиски и српски јазик, бидејќи се школуваат во една странска образовна институција.
Откако ги пофали своите синови, фолк пејачката изрази жалење поради тоа што таа во најраното детство немала адекватни услови за школување.
-Мене ми е жал што не сум имала, како малечка, такви услови да учам англиски. Па од скоро почнав. Многу разбирам, но за да прозборам, тешко ми оди, признава Тања.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет