Едукативни работилници за превенција од насилство за учениците во Виница
Одделението за јавни дејности и релевантни фактори во Општина Виница е носител на иницијативата за организирање едукативни работилници за превенција од насилство, наменети за учениците во основните и средното општинско училиште.
По воспоставената меѓуинституционална и меѓуопштинска соработка на училиштата со Полициската станица од Виница, Секторот за внатрешни работи од Штип и со стручните служби од Центарот за социјална работа, работилниците се реализираат со ученици, наставници и родители, при што главна тема е превенцијата од насилство и едукација за постапување при насилни однесувања.
– На едукативните работилиници се зборува и за теми од областа на правата на детето, а за што се добиени и насоки од Министерството за образование и наука, согласно препораките од Народниот правобранител. Целта е да се надминат веќе констатирани состојби на државно ниво и да се преземат мерки за зајакнување на капацитетите на стручните служби, наставниот кадар, родителите и учениците да ги препознаваат и да ги пријавуваат случаите на насилство, злоупотреба и занемарување на децата, истакнуваат од Општина Виница.
Преку презентации и поголем број примери од работата на терен, полициските службеници кои се ангажирани во отсекот за превенција споделија искуства со учесниците на работилницата, укажувајќи на начините и можностите за надминување на состојбите со насилно однесување во училиштата.
Дополнително, претставени беа мерките и активностите што ги презема Полициската станица во Виница за да намали и спречи неовластеното набавување и употреба на експлозивни материи во пресрет на новогодишното празнување.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата