Едукативна „е-твининг“ работилница за професионаелн развој во Охрид
Стотина наставници и професори од основни и средни училишта од 12 држави од регионот и континентот учествуваат на првата европска „е-твининг“ работилница што во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и во соработка со Министерството за образование на Република Турција од денеска се одржува во Охрид.
Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Дарко Димитров истакна дека собирот во Охрид претставува исклучителна можност за размена на добри искуства и практики во областа на употребата на информатичките технологии и нивна интеграција во курикулумите, како и во наставните програми и методи во образованието.
- Учесниците на работилницата наредните три дена ќе разработуваат нови иновативни методи за користење на ИКТ технолгиите во самата настава, што произлегуваат од „е-твининг“ мрежата на ЕУ, а овозможува соработка и комуникација, како меѓу наставниците така и меѓу учениците, во насока на создавање проекти кои подоцна би можеле да бидат имплицирани во програмата „Еразмус плус“, истакна Димитров.
Тој појасни дека имајќи предвид оти се работи за интеграција на нови практики во наставата, заклучоците и споделените искуства на собирот во Охрид можат апликабилно да се применат и во наставните методи на сите професори поединечно, а особено кај наставниот кадар по информатика.
- Заклучоците од овој семинар за професионален развој на наставниците ќе бидат исклучително важни како за нашиот образовен систем така и за другите држави што партиципираат во работата на собирот, рече тој.
Практично, сите наставници на соодветен начин можат да се вмрежат со нивните колеги и преку соработка да креираат модели и методологии за користење на современите технологии во нивните предавања.
Во рамки на агендата на работилницата во Охрид ќе се одржат четири одвоени сесии, посветени на информатичките технологии и образованието, практични веб-алатки за соработка, настава преку игра и вештините на информатичките технологии во 21 век.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии