Еднодневен предупредувачки штрајк во институциите од културата

Во институциите од културата денеска ќе има еднодневен предупредувачки штрајк во кој вработените ќе бидат на работните места, но нема да ги извршуваат обврските.
Штрајкот е организиран од Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ) поради непотпишаниот колективен договор за кој СКРМ преговара речиси две години и за кој, како што соопшти, континуирано добивал ветувања од Владата и Министерството за култура дека ќе биде потпишан прво до крајот на 2018 година, а потоа до крајот на 2019-та.
Гоце Павловски, секретар на СКРМ, вели дека речиси 15 години вработените во културата се без социјални права, со огромни разлики во платите и субјективна валоризација на трудот. Ускратени им се правата на додатоци на плата и надоместоци на трошоци поврзани со работатата.
– Потсетуваме дека нивелацијата беше само преоден чекор кон колективниот договор, кој сам по себе не претставува покачување на платите туку нивно конечно уредување согласно Законот за работните односи. Колективниот договор ќе биде фундамент на социјалните односи и штит на нашите социјални права. Токму тоа го барат вработените во културата кои се целосно маргинализирани, а нивните права секојдневно се газат од државата која согласно Уставот би требало да биде социјална, а не да се однесува како суров капиталист, велат од СКРМ.
Синдикатот излезе на протестен марш во октомври и доби ветувања од Владата и ресорното министерство дека колективниот ќе биде потпишан до почетокот на 2020, но од крајот на минатиот месец синдикалците соопштија дека нема напредок и дека работните групи се неактивни.
Денешниот предупредувачки штрајк на СКРМ е поддржан и од нивни колеги што членуваат во Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), кој донесе одлука да солидаризира зашто културата е дејност од национален интерес.
Ново на Сител
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
