Едно убиено и три ранети лица во пукотница во Словенија
– Едно лице загина, а три други се ранети во престрелка во Словенија, додека осомничениот се уште е во бегство, соопшти полицијата во Ново Место, пренесе СТА.
Се верува дека осомничениот, 25-годишниот Мирко Пилингер, вчера убил 22-годишно момче од Ново Место, на главниот пат меѓу Мирне Печи и Ново Место кај Брежје.
Уште три лица, една жена и двајца мажи, на возраст меѓу 19 и 27 години, се ранети во престрелката и пренесени во болницата во Ново Место, јави СТА.
Во периодот од 23 до 2 часот ноќеска пред Итната помош во Ново Место имало и неколку полицајци, бидејќи таму биле собрани околу 100 лица, кои ги познавале повредените и починатиот, но немало нереди.
Полицијата соопшти дека осомничениот Пелингер, кој веќе имал криминално досие, е во бегство и дека е вооружен и опасен.
Потрагата е во тек, а истрагата продолжува.
Инцидентите со огнено оружје се ретки во Словенија и оваа е една од најлошите престрелки во последниве години, според СТА.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација (ЗНАМ)
-

Мицкоски за Рамадани: Себичен потег кој им штети на другите кандидати на ВРЕДИ
-

Активности на кандидатите за градоначалници
-

Дождот ја стопираше акцијата за собирање смет во главниот град - улиците под вода
-

Од утре 11 нови директни авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром
-

Депонии на секој чекор
-

Наколната населба во Дојран била изградена од повеќе мали платформи поврзани со мостови
-

Неопходно е носење на закон за заштита на Охридското Езеро
