Едно убиено и три ранети лица во пукотница во Словенија
– Едно лице загина, а три други се ранети во престрелка во Словенија, додека осомничениот се уште е во бегство, соопшти полицијата во Ново Место, пренесе СТА.
Се верува дека осомничениот, 25-годишниот Мирко Пилингер, вчера убил 22-годишно момче од Ново Место, на главниот пат меѓу Мирне Печи и Ново Место кај Брежје.
Уште три лица, една жена и двајца мажи, на возраст меѓу 19 и 27 години, се ранети во престрелката и пренесени во болницата во Ново Место, јави СТА.
Во периодот од 23 до 2 часот ноќеска пред Итната помош во Ново Место имало и неколку полицајци, бидејќи таму биле собрани околу 100 лица, кои ги познавале повредените и починатиот, но немало нереди.
Полицијата соопшти дека осомничениот Пелингер, кој веќе имал криминално досие, е во бегство и дека е вооружен и опасен.
Потрагата е во тек, а истрагата продолжува.
Инцидентите со огнено оружје се ретки во Словенија и оваа е една од најлошите престрелки во последниве години, според СТА.
Ново на Сител
-

Жените земјоделки ги бараат своите права
-

Манасиевски: Скопјани на 2 ноември избираат пред се човек, а потоа и градоначалник, Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе постават нови темели за чисто и модерно Скопје
-

Пијан возач усмрти тричлено семејство во Белград
-

Двајца мажи се приведени во врска со грабежот на накит во Лувр
-

Ракометарите на Вардар продолжија со максимален ефект
-

Охриѓанец со 1,55 промили алкохол во крвта возел во Кавадарци
-

Роми претепаа човек до смрт во Ново Место, предизвикаа гнев во Словенија
-

Русија тестираше нова нуклеарна крстосувачка ракета, Путин тврди дека никој нема такво оружје
