-->
-->
Едно лице загина во судар на воз и автомобил кај Демир Капија
-->
Едно лице загина во судар на патнички воз и автомобил попладнево, меѓу селото Дуброво и Демир Капија.
- Денеска, околу 18 часот меѓу село Дуброво и Демир Капија, на обележан железнички премин, возот бр.634 удрил во патничко моторно возило „Рено Канго“, при што на местото е починато едно машко лице. Увид ќе се врши, а железничкиот сообраќај е во прекин, информира МВР.
Сударот го потврди и директорот на патнички сообраќај при Македонски железници-транспорт Кире Диманоски.
- Судирот бил на патен премин, а засега не можат да се дадат повеќе детали за случајот, рече Диманоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична
-
Меџити до Таравари: И со ДУИ и во Влада не штима