Едно лице загина во судар на македонски камион и автомобил во Бугарија
Едно лице загина по судар на македонски камион кој превезувал руда од рудниците за олово и цинк „Саса“ и автомобил „опел“ кај местото Зелен Дол во Република Бугарија во близина на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково.
Инцидентот, како што јавуваат повеќе бугарски медиуми, се случил кај местото Зелен Дол синоќа околу 20 часот, на патот Благоевград – граничен премин Станке Лисичково – Делчево, на кружниот тек кој се вклучува на автопатот Струма.
Од ударот загинал возачот на автомобилот, а во несреќата од резервоарот на камионот истекло големо количество гориво. Сообраќајот на патниот правец III-106 Благоевград – граничен премин Станке Лисичково – Делчево во атарот на село Зелен дол, поради несреќата бил времено ограничен во двата правци.
Ново на Сител
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници
-
Хоспитализирани четири деца со голема кашлица - на „Школка“ одбележана европска недела на имунизација