-->
-->
Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај кочанско Прибачево
-->

Изутринава во 6:40 часот во близина на Кочанското село Прибачево кај месноста викана Пруга, се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби лицето В.Р. (78) од Кочани.
До несреќата дошло кога на лицето В.Р кое управувало мопед и се движело по патот Кочани-Пробачево, скрушнувајќи кон нивите под патот, од спротивната страна налетало возило „пежо пикап“ и удрило во возачот на мопед. Од силниот удар лицето В.Р починало на лице место. Увидна екипа од ПС Кочани и јавен обвинител излегоа на лице место и вршат увид на несреќата.
Подетални информации од полицијата најавуваат по завршувањето на увидот на местото на несреќата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
