-->
-->
Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајка на автопатот Куманово-Табановце
-->
Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Куманово-Табановце.
- Во 20:30 часот во СВР Куманово е пријавена сообраќајна несреќа на автопат Куманово-Табановце во која учествувале три возила ,,голф", ,,поло" и ,,бмв". Едно лице починало на местото на настанот, а три лица се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Куманово. Во тек е увид, информираа од СВР Куманово.
Од Итната медицинска помош во Куманово информираа дека едно од повредените лица поради сериозноста на повредите е пратено на скопските клиники, а останатите две лица се задржани во Општата болница Куманово.
СВР Куманово најавува повеќе детали во текот на денешниот ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува реизбор на Мицкоски
-

Без вода денеска дел од Пинтија
-

Најмногу дожд во Маврови Анови
-

КФОР: Засилени активности во поддршка на безбедноста низ Косово
-

Заштитниот саркофаг во Чернобил е оштетен од дрон, не ги исполнува безбедносните функции
-

Орбан: ЕУ се дави во корупција
-

Претседателот на Собранието Гаши учествува на Доха Форумот 2025
-

Облачно, насекаде со дожд, магла во котлините
