-->
-->
Eдно лице загина, a седум се водат за исчезнати во свлечиште во Кина
-->
Едно лице загина, а седум се водат за исчезнати во централна Кина, по лизгање на земјиштето предизвикано од обилни дождови и поплави, додека поголемиот дел од земјата е зафатен од екстремно високи температури, соопштија денеска властите.
Шест лица се спасени од под урнатините на градилиштето на автопат во централната провинција Хубеи, каде вчера се случи несреќа.
Спасувачките екипи сè уште ја пребаруваат областа со надеж дека ќе најдат уште преживеани.
Десетици илјади луѓе беа евакуирани во засолништа поради големите поплави во северна, централна и југоисточна Кина. Сезонските поплави се редовна појава во Кина, но овогодинешниот пораст на водата е проследен со невообичаено долги периоди на високи температури.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати