Едно лице загина - Детали за пукотницата во Куманово

Едно лице загина, а две се повредени во вооружен инцидент што околу 15:30 се случи во кумановската населба Бедиње, потврди полицијата.
Кумановската полиција попладнево излезе со првични информации за убиството. Портпаролката на СВР Куманово Валентина Николовска, изјави дека во 15:30 часот во населбата Бедиње се случил вооружен инцидент помеѓу две групи.
- Едното лице е починато, едно е повредено и поради сериозноста на повредите пренесено е во Ургентниот центар во Скопје, а едно е задржано во кумановска болница, рече Николовска.
Увидот на полицијата и на основен јавен обвинител се уште трае. СВР Куманово трага по лицата кои учествувале во вооружениот инцидент и се работи на целосно расчистување на настанот.
Дел од медиумите известуваат дека настраданите во пукањето се членови на Демократската унија за интеграции и оти убиениот бил кандидат за претседател на огранокот на партијата.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
