Едно лице убиено, десетици повредени во масовните протести во Перу против претседателот

Најмалку едно лице е убиено, а десетици граѓани и полицајци се повредени за време на демонстрациите во Перу против претседателот Хозе Херера, кој дојде на власт само пред неколку дена, објави денеска канцеларијата на државниот омбудсман.
Протестите во Перу интензивно се водат во последните шест месеци против корупцијата и зголемувањето на криминалот и против поранешната претседателка Дина Болуарте, која беше отстранета од функцијата минатиот четврток.
Откако парламентот гласаше за нејзиниот импичмент со мнозинство гласови, претседателот на парламентот Хозе Херера (38) ја презеде функцијата шеф на државата.
Демонстрациите, како и во претходните месеци во Индонезија, Непал, Кенија и Мадагаскар, ги предводат млади луѓе кои главно припаѓаат на „Генерацијата З“.
Илјадници демонстранти се собраа низ целата земја, а неколку стотици се судрија со полицијата пред Конгресот – парламентот во Лима. Полицијата испука солзавец, а некои демонстранти фрлаа пиротехника, камења и запалени предмети кон нив.
„Сите мора да си одат!“, скандираа демонстрантите додека пристигнуваа во Конгресот и се обидуваа да ги срушат металните бариери што ја штитеа зградата, што доведе до судири.
Претходно беше објавено дека 55 полицајци и 20 цивили биле повредени во протестот. Тој ги обвини „деликвентите кои се инфилтрирале во мирните демонстрации за да посеат хаос“.
„Врз нив ќе се примени целосната сила на законот“, напиша тој.
Хери ќе служи до 26 јули 2026 година. Перу треба да одржи општи избори во април.
Поранешниот претседател беше соборен по пукањето на концерт во главниот град Лима, бидејќи инцидентот додаде на незадоволството поради криминалот во јужноамериканската земја.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Дaнев, кандидат за ректор на УКИМ
-

Обвинителството тврди дека промената на обвинителката нема да влијае врз предметите за „Пулс“
-

Стартува реконструкцијата на охридскиот аеродром
-

Францускиот амбасадор вели дека гаранции се невозможни, Mицкоски подготвен да чека децении за уставните измени
-

Запленети 40 тони јајца на Табановце
-

Анкета: Голема поддршка за системот Безбеден град и законот кој треба да забрани пушење на јавни места
-

Треба да се даде поголема поддршка за социјалното претприемништво на младите, особено во малите средини
-

Органодарителство, хуманост што спасува животи
