-->
-->
Едно лице повредено во сообраќајка на патот Битола-Ресен
-->
Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што вчера се случи на магистралниот пат Битола-Ресен.
Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајната несреќа се случила во близина на крстосницата „Макази“ на почетокот на местото викано „Сопотски ливади“, вчера околу 18 часот при што се судриле патничко возило „Даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М. (43) од село Подмочани, ресенско и патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (33) од село Долно Оризари, битолско. Од судирот, возачот на возилото „Даеву“ се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициста станица Ресен
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора