Македонија
20. August 2024 - 8:10

Едно лице повредено во пукање во населба Ченто

Едно лице синоќа било повредено во пукање што се случило во скопската населба Ченто.

-На 19.08.2024 околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. Александар Македонски од патничко возило во движење било пукано во патничко возило „пасат“ со австриски регистарски ознаки, при што со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во Клинички центар, информираат од МВР.

Оттаму додават дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.