Свет
25. July 2016 - 16:42

Едно бебе почина, друго во критична состојба - Во болница наместо кислород им пуштиле гас за смеење

Едно бебе почина, а друго е во критична состојба, откако во болница во југозападниот дел на Сиднеј наместо кислород им дале азот субоксид, познат како гас за смеење, соопштија локалните власти.

Министерката за здравство на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, Џилијан Скинер, ја потврди информацијата и изрази сочувство до семејството на починатот дете, пренесоа австралиските медиуми.

На бебињата кои се родени во последните два месеци по грашка им е даден азот субоксид наместо кислород, а грешката е воочена кога еден од психијатрите изразил загриженост поради смртта на бебето.