Една жена избрана за градоначалничка во првиот круг – три ќе се борат во вториот

Само една жена беше избрана за градоначалничка во првиот круг на локалните избори 2025 – Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја води општина Кисела Вода. Покрај неа, уште три кандидатки се пласираа во вториот круг: Марија Нацева (ВМРО-ДПМНЕ) во Неготино, Наталија Димитриева (ВМРО-ДПМНЕ) во Демир Капија и Соња Стаменкова (СДСМ) во Македонска Каменица.
На овие избори се натпреваруваа вкупно 309 кандидати за градоначалници, од кои само 32 беа жени, што е 10.35 проценти од вкупниот број.
Најмногу кандидатки – три – имаше во Прилеп, додека по две се натпреваруваа во Битола, Велес, Карпош, Кисела Вода, Неготино и Центар.
Во 16 општини и Градот Скопје имаше само по една жена кандидат.
Во голем дел од општините жените воопшто не беа присутни на гласачките ливчиња.
Од вкупно 44 избрани градоначалници во првиот круг, само една е жена, што претставува 2.2 проценти родова застапеност.
МИА
Ново на Сител
-

Мечка нападнала маж додека собирал печурки во прилепско, со тешки повреди пренесен во Скопје
-

Aлкараз повторно e прв светски рекет
-

Анкета: Младите во Македонија поделени околу европската перспектива на земјата
-

Најмногу дожд во Струмица, 42 литра на метар квадратен
-

Девизните резерви во октомври зголемени за 120,5 милиони евра
-

Отворени денови на Институтот за македонски јазик
-

Свечена заклетва на 29-та класа на питомци/студенти и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници
-

Повторно забележани дронови над Белгија
