Една третина помалку интервенции имале пожарникарите од Виница во 2018 година
Вкупно 62 интервенции за гаснење пожари имала Територијалната противпожарна единица од Виница во текот на 2018 година, што е за една третина помалку во споредба со претходниот едногодишен период.
Најголем број од интервенциите, вкупно 39, биле кај пожари на отворен простор, при што била опожарена површина од 32 хектари, што е за пет пати помалку споредено со 2017 година. Во 16 случаи се интервенирало кај запалени објекти, а останатите излегувања на терен биле за гаснење пожари кај моторни возила.
Од ТППЕ – Виница рекоа дека лани од пожарите е предизвикана вкупна материјална штета од 235 илјади денари, што е намалување за околу половина.
-Во текот на минатата година спроведовме четириесетина превентивни активности за заштита од пожари, во најголем дел предавања во училиштата и фирмите, како и заеднички практични вежби во стопанските субјекти. Заради поголема ефикасност и заштита, во текот на оваа година планираме да обновиме дел од доброволните противпожарни друштва во месните заедници и во фирмите, истакна Станко Спасов, командир на ТППЕ – Виница.
Причина за скоро сите пожари бил човечкиот фактор, освен кај осум случаи до запалување дошло поради краток спој во електричната инсталација во објекти и кај возила.
Освен со интервенции на територијата на општината, виничките пожарникари во текот на минатата година во пет случаи со опрема и кадар им помагале и на своите колеги од Берово.
Ново на Сител
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование