Една третина од вчерашните пожари биле на диви депонии, активен еден пожар во велешко
Еден пожар е активен утринава меѓу селата Отишино и Оризари во општина Велес каде гори ниска вегетација. Пожарникарите од Велес вчера интервенирале со три противпожарни возила и 11 пожарникари, а утринава, според информациите на Центарот за управување со кризи, ќе продолжат да дејствуваат.
Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се 13 пожари на отворено од кои една третина биле на повик за гаснење депонии.
- Вообичаено тие диви депонии се до населби и освен што од нив може да се прошири пожарот, дополнително опожарените диви депонии и ѓубришта го загадуваат амбиенталниот воздух, особено во градовите каде што е веќе загаден воздухот. Такви примери имаме на повеќе места, а вчерашен пример, од сношти, е хроничниот проблем со палење на дивата депонија „Вардариште“ во скопската Општина Гази Баба, за што граѓаните коишто гравитираат во тој скопски реон, со право реагираат дека многу често се пали и освен што претставува опасност за пожари во околината, дополнително го загадува и воздухот во скопската котлина. ЦУК, покрај тоа што редовно ги известува надлежните служби и институции, апелира до граѓаните да не палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и сува вегетација во природата, се наведува во утринската информација од ЦУК.
Вчера гореше дивата депонија „Вардариште“ поради што се ширеше остар и непријатен мирис во населбите кои гравитират во тој дел.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени