Свет
20. May 2020 - 15:08

Една третина од смртните случаи од Ковид-19 во Англија се поврзани со дијабетес

Според истражувањето на британската Национална здравствена служба (НХС), речиси една третина од смртните случаи од Ковид-19 во Англија се поврзани со дијабетес.

Девет од десет дијабетичари имаат дијабетес тип 2, а многумина од нив имаат прекумерна тежина, што го зголемува ризикот од фатален исход од Ковид-19. Возраста, сепак, е одлучувачки фактор на ризик за смртност на дијабетичари од Ковид-19.

Луѓето што се на возраст под 40 години имаат многу низок ризик, додека луѓето на возраст над 40 години и особено повозрасните лица имаат висок ризик, покажуваат податоците од студијата на НХС.

Досега, за време на пандемијата во Англија починале 7.466 лица со дијабетес тип 2 и 365 лица со дијабетес тип 1.