Една седмица по почетокот на невремето „Даниел“, делови од Грција сѐ уште под вода
Во река е претворен дел од автопатот Солун – Атина поради поплавите и останува затворен за сообраќај во двата правци кај Лариса, а една седмица по почетокот на невремето „Даниел“, областа Тесалија сѐ уште под вода, јави дописничката на МИА од Атина.
Процените се дека поплавите во Грција зад себе оставаат огромна материјална штета, со целосно уништени домови и плодно земјиште, но и голема опасност за јавното здравје.
Во поплавените домови во неколку села во општина Палама, поради нивото на водата влегоа припадници на нуркачката единица од грчката армија за спасување на евентуално заглавени жители.
Од Противпожарната служба на Грција утрово соопштија дека од почетокот на невремето минатиот вторник заклучно со денеска, примиле 10. 874 повици, за испумпување вода и сечење дрва, а спровеле 4.
564 спасување или пренесувања на лица на безбедни локации.
Во поплавите во Грција предизвикани од невремето „Даниел“, досега, животот го загубија 15 лица, а две лица, млад брачен пар од Австрија се исчезнати.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија
-
ДИК не донесе упатство