Една година Еврокомисија „Фон дер Лајен 2“: Амбиција за изградба на понезависна, поконкурентна и побезбедна Европа

Актуелната Европска комисија на Урсула фон дер Лајен утре ја одбележува првата годишнина од нејзиниот избор под слоганот „Работејќи за независност на Европа“. По повод годишнината, оваа втора Европска комисија на Фон дер Лајен порача дека во изминативе 12 месеци во услови на итност во носењето одлуки, работела да испорача за европските граѓани и бизниси.
– На 1 декември 2024 година, Комисијата „Фон дер Лајен 2“ ја презеде функцијата со јасна посветеност да ја направи Европа понезависна, поконкурентна и побезбедна, бидејќи светот станува поконфронтациски настроен. Во својата прва година, Комисијата работеше на претворање на Европа во континент каде што традиционалните и новите индустрии напредуваат, а воедно обезбедува добар квалитет на живот за нашите граѓани, посочува Европската комисија во освртот на резултатите од својата едногодишна работа.
Во прегледот се нагласува дека изминатава година Европска комисија работела на „заокружување на нашата Унија“ овозможувајќи Северна Македонија, Албанија, Молдавија и Црна Гора да се приклучат на Единствената зона за плаќање во евра со што банкарските трансфери во евра за граѓаните и бизнисите се вршат побрзо и претворајќи го проширувањето во реална можност во наредните години со оглед на забрзаното темпо на пристапниот процес на некои земји кандидати за членство. Дополнително, Комисијата потсетува и дека на нејзин предлог Молдавија и Украина ќе се приклучат кон зоната без роаминг на ЕУ од 1 јануари 2026 година.
– Се фокусиравме и на помагање на индустриите да се снајдат во променливата глобална средина, на подобрување на условите и квалитетот на живот за граѓаните, на поттикнување на транзицијата кон чиста енергија и на искористување на можностите на дигиталната трансформација, оценува Европската комисија во освртот на резултатите од својата едногодишна работа.
Во прегледот се посочува и дека Комисијата работела на зголемување на социјалната отпорност и зајакнување на европските демократии, на диверзификација и проширување на партнерствата на глобално ниво, на преземање поголема одговорност за одбраната и безбедноста на Европа, како и на одржување на непоколебливата солидарност со Украина.
– Со транзицијата кон чиста енергија и брзиот пораст на вештачката интелигенција, сакаме Европа да ги искористи овие можности и да го зајакне своето глобално лидерство. Ги прошируваме нашите трговски партнерства, создавајќи нови можности за големите и малите европски компании, посочува Еврокомисијата.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
