Единаесетти ден антивладини протести во Бугарија
Во Софија и попладнево – единаесетти ден по ред – се одржуваат антивладини протести чија цел е оставка на Владата на Бојко Борисов и оставка на главниот овбинител Иван Гешев.
Од утре е најавено дека протестите ќе се одвиваат на поинаков начин – како национален штрајк уште од утрото, со цел да се блокира Парламентот, каде треба да почнат дебатите за гласањето за недоверба на Владата.
Во исто време, полицијата повика протестот да се одржува мирно и да не се запира работата на институциите.
На вонредна седница Парламентот утре ќе расправа за недоврба на Владата. Демонстрантите повикаа утре да се протестира и пред судовите, да се затворат патишта и крстосници, аеродроми…
Тоа ќе биде петти по ред обид на опозицијата да го собори Кабинетот на Борисов.
Ново на Сител
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска