-->
-->
Единаесет имигранти загинаа при потонување на брод во Егејското Море
-->

Единаесет имигранти, меѓу кои пет деца, загинаа при потонување на брод во регионот на островот Фармакониси во Егејското Море, објави грчкиот портал Њуз.ин.
Грчката Крајбрежна стража трага по други 13 лица кои се водат како исчезнати. Досега се спасени се 26 луѓе, меѓу кои пет деца.
Спасувачката операција започнала околу два часот утринава, откако е пријавено дека „во морето има луѓе“.
На местото на инцидентот прво пристигнал тим на Европската агенција за заштита на надворешните граници (Фронтекс), потоа хеликоптер, два чамци на крајбрежната стража и еден воен и еден приватен брод.
Според првичните информации, бегалците патувале во дрвен чун која потонал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме
-

Русија одговори на заканите на Зеленски: Ќе напаѓаме уште посилно во Киев и другите градови
-

Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија
-

Татко и син убиени во лов во Норвешка, напаѓачот уапсен
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
