-->
-->
Еден загинат и еден ранет во престрелка во Куманово
-->
Пред половина час во престрелка во Куманово застрелани се најмалку две лица. Според информациите на „Телма“ едното лице починало од повредите на лице место.Вториот повреден по укажаната помош во кумановската болница е упатен во клиничкиот центар во Скопје.
Инцидентот се случил околу 15.30 часот во кумановската населба Бедиње. Непознатиот извршител од зелен мерцедес во движење истрелал рафал кон угостителски објект пред кој биле двајцата погодени, пренесе Телма.
Според информациите на телевизијата, од лице место, едниот маж починал од повредите пред објектот, а вториот со повреди по телото и нозете е префрлен во Скопје. Напаѓачите избегале со автомобилот.
Од СВР Куманово потврдија дека имало престрелка и дека полицијата е замината на местото на настанот. Детали за жртвите не соопштуваат од кумановската полиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кочани е првата општина во државата со бесплатен интернет за сите
-

Синдикалната кошничка во февруари поскапа за 965 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
