Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка во Дебар
Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајна несреќа што се случи изутринава околу 01:20 часот на улицата „Велко Влаховиќ“ во Дебар.
Како што соопшти денеска МВР, дошло до излетување од пат на патничко возило „Рено Лагуна“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 17 годишно лице од Дебар, а во возилото се превезувале и Е.К.(18) и уште едно 17 годишно лице исто така од Дебар.
Во несреќата на местото на настанот починал сопатникот на 17 годишна возраст, со тешки телесни повреди се здобил и возачот на возилото, додека пак кај Е.К.(18) се констатирани телесни повреди.
Извршен е увид во присуство на јавен обвинител и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Дебар. По наредба на јавниот обвинител, патничкото возило „Рено-лагуна“ е подигнато за понатамошен технички преглед.
Ново на Сител
-
Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“
-
МВР со детали за сообраќајната несреќа на новиот експресен пат Прилеп - Градско
-
Црна Гора го одбележува Денот на независноста
-
Познати полуфиналните двојки во ракометниот Куп на Македонија
-
Тројца напаѓачи би можеле да го напуштат Ливерпул ова лето
-
Ѓоковиќ: Сè уште имам желба да освојувам Гренд слем титули
-
Заврши соработката меѓу Работнички и Станиќ
-
Аморим: Освојувањето на Лигата на Европа нема да ги реши нашите проблеми