Еден загинат и двајца поврдени во сообраќајка на автопатот Велес-Скопје
Едно лице загина, а двајца се поврдени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска 40 минути по полно на автопатот Велес - Скопје пред населбата Отовица.
МВР соопшти дека П.М. (55) од Скопје, управувајќи ПМВ „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонскиот sид на мостот и се превртел. Сопатничката М.М. (28) од здобиените повреди починала на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Во сообраќајката со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.М. (52), која заедно со П.М., со возило на Итна помош биле пренесени во Клиничка болница Велес.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција. Поради сообрачајката, патниот правец клучка Велес-нас.Отовица беше во целосен прекин во периодот од 01.40 до 04.00 часот.
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење