Балкан
17. February 2017 - 23:01

Еден загинат, четворица повредени при несреќа во термоцентрала

Едно лице загина, а четири други се полесно повредени при инцидент во термоцентралата „Брикел“ кај Галабово, во реонот на бугарскиот град Стара Загора.

Како што јави БТА, според првичените резултати од истрагата, несреќата се случила поради дефект во системот за десилфуризација. 

Претставник на Болницата во Стара Загора соопшти дека попладнево во нивната установа било примено едно повредено лице од централата, кое имало шината рака и е вон животна опаност. 

Увид на местото на инцидентот извршиле претставници на Инспекторатот за труд, Окружното јавно обвинителство и локалната полиција.