Еден војник загина и еден е сериозно повреден од експлозија на рачна граната за време на обука на грчкиот остров Родос

При експлозија на рачна граната за време на закажана обука за фрлање гранати на грчкиот остров Родос, животот го загуби 19-годишен професионален војник, а негов колега е сериозно повреден, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Генералштабот на грчката армија соопштија дека несреќата се случила рано утрово, двајцата професионални војници веднаш биле пренесени во болница, каде што била констатирана смрт кај 19-годишниот, а 39-годишниот бил опериран, додека причините за несреќата се истражуваат.
Според весникот „Родаики“ од Родос двајцата војници (пиротехничари), добиле наредба да го проверат оружјето што подоцна требало да се користи за обуката, а при преносот едната рачна граната се активирала и експлодирала.
Претседателот на Грција Константинос Тасулас и министерот за одбрана Никос Дендиас изразија сочувство до семејството на загинатиот професионален војник, како и желби за брзо закрепнување на повредениот.
МИА
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
