Еден убиен во напад со нож на станица во Марсеј

Непознат човек денеска нападнал минувачи на железничката станица  Сен-Шарл во Марсеј, убивајќи најмалку едно лице, по што беше ликвидиран од страна на припадници на француските безбедносни сили „Сантинел". Идентитетот на напаѓачот сѐ уште не е познат.
Телевизијата БФМ наведува дека најверојатно се работи за тероризам.
Дел од локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот извикувал „Алаху Акбар".
Обвинителството ја потврди смртта на напаѓачот.
         
Француската полиција на Твитер објави дека интервенцијата е во тек и ги предупреди граѓаните дека треба да се избегнува овој дел од градот.
На истата социјална мрежа, патниците известија дека имало пукање и паника.
Министерот за внатрешни работи Жерар Коломб веднаш се упати на местото на инцидентот.
Ново на Сител
-   
           Силјановска Давкова: Наместо поддршка добивме уцени и услови за членството во ЕУ
-   
           Во исто време има и грип и Ковид-19
-   
           Винаријата Монтеко го промовираше премиум виното Волкано
-   
           Преглед на вестите од светот
-   
           Филипче обвинува за предизборни притисоци
-   
           Лабудовиќ најавува нов плоштад Феникс во склоп на новата општинска зграда
-   
           Во Охрид премиера на претставата Парите се отепувачка
-   
           Преглед на вестите од светот






