Свет
30. November 2016 - 8:54

Еден од загинатите фудбалери пред несреќата дознал дека ќе стане татко

Еден од фудбалерите кои загинаа на кобниот лет до Колумбија, пред една недела ја примил најубавата вест во животот, дека ќе стане татко. Тиаго де Роча Виеира една недела пред да се качи на кобниот лет дознал дека неговата сакана е бремена. Таа му пратила порака и подарок, а тој седнал во соблекувалната на тимот, ја отворил пораката и сфатил дека ќе добие синче.