Еден од преживеаните фудбалери: Господ три пати ми го спасува животот
Еден од преживеаните фудбалери е Алан Рушел кој беше пронајден прв при уривањето на авионот на Чапокоензе, по што бразилскиот фудбалер беше пренесен во најблиската болница каде лекарите успеаја да се изборат за неговиот живот. Тој се наоѓа во најдобра состојба од шестмината преживеани на големата несреќа, па веќе почнал да комуницира без проблеми со докторите, како и со неговите најблиски кои веднаш отпатувале за Колумбија. Фудбалерот, кој беше позајмен во Чапокоензе од редовите на Интернасионал, иако шокиран од случката, не крие дека се чувствува благословен бидејќи Господ три пати му го спасувал животот.
„Господ три пати ми го спасува животот и јас сум бескрајно благодарен поради тоа. Првиот пат беше со тешката сообраќајна несреќа што ја имав пред неколку години. Останатите два се однесуваат на авионската несреќа, едната бидејќи го сменив седиштето на авионот кратко време пред да се урне, а втората бидејќи бев прв пронајден во урнатините, со што ми беа зголемени шансите да преживеам“ – говорел Рушел во клиниката, пренесуваат неколку јужноамерикански медиуми.
„Доколку има седум животи, треба да си ги чува преостанатите четири“ – изјави докторот Соналји, кој го изврши хируршкиот зафат непосредно по несреќата и му го спаси животот на фудбалерот.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија