-->
-->
Еден од обвинетите за убиството на Ѓинѓиќ по 20 години излегува од затвор
-->
Душан Крсмановиќ, поранешен член на Земунскиот клан, кој е еден од обвинетите за убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, е пуштен од затвор.
Крсмановиќ е ослободен пред 20-годишнината од атентатот на поранешниот премиер. Тој беше ослободен откако одлежа 20 години затвор.
Уапсен е во акцијата „Сабја“, со првостепената пресуда е осуден на 30 години затвор, но со одлука на Апелацискиот суд казната му е намалена на 20 години.
Во 2008 година, Крсмановиќ се изјасни за виновен во жалба во која бараше помала казна.
Пред него беа ослободени поранешните припадници на Единицата за специјални операции Саша Пејаковиќ и Жељко Тојага.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Четири лица завршија на токсикологија од пожарот во Трубарево – утре ќе се знае колку и со што е загаден воздухот
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за пожарите и штетниот воздух
-
312 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје, 18 се за главниот град
-
Сашко Јанчев од Левица удрил во двајца малолетници на мопед и е приведен во полиција
-
Хаос во образовниот процес во Кочани