Фудбал
27. December 2020 - 15:17

Еден гол и три бода за Лидс и Алиоски

Езџан Алиоски и неговиот Лидс Ј. бргу го заборавија тешкиот пораз во Манчестер и со минимална победа од 1-0 против цврстиот Барнли прокнижија три значајни бода во битката за опстанок.
Се беше решено во 5-тата минута кога Бамфорд заработи пенал а истиот играч биеше прецизно од белата точка за водство кое се покажа како решавачко.
Алиоски одигра добар натпревар и имаше шанса за гол и асистенција.